Повеќе од 5 илјади лица се собраа на плоштадот во Загреб за да го дочекаат својот музички миленик Бејби Лазања, кој на овогодишната Евровизија застана на второто место.
28-годишниот Хрват, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, не можеше да си ги задржи солзите од силните емоции кои ги чувствуваше додека фановите громогласно му аплаудираа. Тој беше дочекан како херој од огромната толпа пред која ја отпеа песната со заразен ритам „Rim Tim Tagi Dim“.
„Очекував 20 души на аеродромот и тука околу стотина, но не знам што да речам. Ви благодарам, се надевам дека сте среќни“ – рече тој пред да биде обземен од емоциите.
„Не знам што да ви кажам и како да ви се заблагодарам. Внесовте многу среќа, радост и гордост во моето срце, во срцето на моето семејство и на мојот тим. Благодарам не е доволно, но додека не најдам нешто подобро – благодарам“ – напиша тој во описот на видео од дочекот.
View this post on Instagram