More

    (ВИДЕО) ИРЛ: Швајцарскиот сеф на железниот олигарх

    Минчо Јорданов го темели својот успех на остатоците од општествените претпријатија и на контроверзни државно спонзорирани зделки. Но, додека ја градел бизнис-империјата, истовремено чувал милиони на непријавени сметки во Швајцарија. Податоците што беа споделени со германскиот национален весник „Зидојче цајтунг“ и Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (OCCRP) откриваат досега непознати детали за патот на Јорданов од социјалистички службеник од јавен интерес до балкански тајкун, објави ИРЛ.МК.

    „Моторот“ на нелегалните текови на пари го чинат две работи: држави во кои е легално тајно да поседувате фирма и држави во кои е легално тајно да поседувате банкарска сметка. Минчо Јорданов ги имал и двете. Тој не е само бизнисмен и виден член на Управниот одбор на Стопанската комора, Минчо Јорданов е и единствениот бизнисмен што истовремено бил јавен функционер кој се најде во податоците од меѓународната истрага на швајцарската банка „Кредит Свис“.

    ИРЛ и партнерите ќе откријат дека тој поседувал осум сметки – три лични и пет на име на компании што ги претставува. Сметките се отворени во периодот од 2000 до 2009 година, кога Минчо Јорданов ќе добие доверба да биде заменик-премиер од 2004 до 2006 година во владата на СДСМ, предводена од Владо Бучковски.

    Текстот во целост на  ИРЛ.МК.

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    14.8 ° C
    14.8 °
    14.8 °
    88 %
    1kmh
    0 %
    Sat
    37 °
    Sun
    33 °
    Mon
    21 °
    Tue
    29 °
    Wed
    28 °
    spot_imgspot_img