Официјални лица поддржани од Русија соопштија дека гласачките места во четирите украински региони Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје кои се делумно окупирани од Москва се затворени. Гласањето на таканаречените референдуми за приклучување кон Руската Федерација траеше пет дена, при што имаше тврдења на некои од локалните власти дека гласачите биле под закани и принудени да гласаат.
Претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Валентина Матвиенко рече дека рускиот претседател Владимир Путин треба да се обрати пред парламентот за референдумите на 30 септември и дека пратениците би можеле да го разгледаат законодавството за анексија на 4 октомври.
Киев и неговите сојузници ги осудија референдумите како „измама“ и велат дека никогаш нема да ги признаат резултатите од гласањето што се коси со Повелбата на ОН и меѓународното право.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, ги нарече гласањата организирани од Москва „измама“ и „еклатантно кршење на меѓународното право“.
Радио Слободна Европа