Една хрватска новинарска екипа, мотивирана да дознае што повеќе детали за киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска разговарала со експерти и граѓани на Скопје и единствено таа е пуштена во училиштето на убиената Вања.
Тие разговарале со директорката на Песталоци, со класната на Вања, но и со соседите на убиеното девојче, објави Република.мк.
Од училиштето до домот на Вања ни требаа 10 минути. На третиот спрат е станот во кој Вања живееле со мајка и и сестра и. Татко и Александар, иако родителите биле разведени, често престојувал во станот на третиот спрат. Тој неа ја обожаваше, се грижеше за девојчињата и до нивната десетта година не работеше, па таа приказна дека дал информации на грабнувачите, звучи неверојатно. меѓутоа ден откако Вања исчезна, тој наводно се распрашувал дали камерите го снимиле автомобилот со кој е киднапирана – ги пренесуваат изјавите на станарите, новинарите на Јутарњи.хр
Понатаму тие пишуваат дека во истата зграда, стан имал и Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на Вања и 74годишниот Панче Жежовски од Велес. Тој ја градел зградата на земјиштето кое со денационализација и било вратено на семејството на мајката на Вања.