(ВИДЕО) Необично место за патување во Кина, опколено со природа

Ова село изгледа како да е од бајка бидејќи буквално го проголтала природата. Хоутоуван, на кинески 后头湾 (или Hòutóuwān) порано било просперитетно рибарско село, во 80-тите имало околу 3.000 жители, но поради големата оддалеченост и тешкиот пристап во 90-тите жителите почнале да се иселуваат. Во 2002 година селото официјално станало ненаселено, а по неколку децении качувачките растенија ги прекриле куќите свртени кон океанот. Некои од нив сѐ уште се опремени со мебел.

Сепак, ова село стекна слава меѓу Кинезите во 2015 година откако на интернет се појавија фантастични фотографии. Наместо да се радуваат на новата популарност, претставниците на споменатиот архипелаг беа загрижени за влијанието на големиот број туристи.