ВМРО ДПМНЕ: Портпаролот на СДС Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си даде оставка, на ЈСП покрај што му должи неспособната влада, должи и Арсовска

0
197

Портпаролот на СДС, Данела Арсовска е виновна за хаосот во градот и поради тоа треба да си даде оставка.

Наместо Љубица Јанчева за хаосот да го обвинува ВМРО-ДПМНЕ одговорите да ги побара во СДС чии што директори во континуитет го уништуваа претпријатието, и од Арсовска на една од многуте тајни средби што ги има секретарот на СДС, Миле Зечевиќ со Данела Арсовска, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на соопштението се додава:

И ако за фактите да бидат комплетни, додека СДС и Арсовска глумат театар и си ја префрлаат одговорноста 1000 семејства до скоро останаа без плата.

А на ЈСП не само што му должи неспособната влада, туку и неспособниот градоначалник Данела Арсовска.

2 милиони евра должи владата и половина милион евра градот Скопје.

Актуелниот директор на ЈСП кој е избор на Арсовска е кадар на СДС.

Последниот кадар кој раководеше со ЈСП а доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ е директорот од времето на Коце Трајановски, Игор Јанушев кој ЈСП на Шилегов му го препушти со добивка од над 1 милион евра. Како ЈСП од претпријатие со добивка стана загубар, одговорите да си ги побара Јанчева од портпаролот на СДС, Данела Арсовска.

А портпаролот на СДС Арсовска треба да си поднесе оставка поради најмалку две причини, неспособност и измама на граѓаните.

извор: ВМРО ДПМНЕ