Новата премиерка Мелони и членовите на Владата на Италија положија заклетва и стапија на должност

0
162

Лидерката на новата екстремно десничарска коалициска Влада на Италија, Џорџа Мелони, и министрите положија свечена заклетва и стапија на должност, известува Агенција Анадолија (АА).

Првата премиерка во историјата на Италија и 24 министри во Владата положија свечена заклетва во претседателскиот Квириналски дворец пред шефот на државата, Серџо Матарела.

Мелони утре во седиштето на Владата и формално ќе ја преземе должноста од премиерот во заминување Марио Драги.

Првата италијанска премиерка во историјата на земјата утре од Драги ќе го преземе и ѕвоното со кое традиционално се означува првата седница на новата Влада.

Наредните недели двата дома на италијанскиот Парламент би требало да ја изгласаат довербата на 68-та Влада, а доволно мнозинство за тоа има десничарската коалиција која победи на општите избори што се одржаа на 25 септември.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).