Словенечките граѓани денеска гласаат на првиот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека ниту еден од кандидатите нема да освои повеќе од 50 отсто од гласовите, неопходни за победа.
На изборите учествуваат седум кандидати, од кои тројца имаат најмногу шанси за победа – поранешниот министер за надворешни работи Анже Логар, адвокатката и активистка за човекови права Наташа Пирц Мусар и кандидатот на владејачката коалиција Милан Брглез.
Доколку денеска нема победник, двајцата кандидати со најмногу гласови ќе влезат во вториот круг кој ќе се одржи на 13 ноември. Според последните анкети, Логар може да смета на влез во вториот круг, додека Пирц Мусар и Брглез се борат за второто место. Изборите се сметаат за тест за либералната влада на Роберт Голоб, кој го смени кабинетот на популистот Јанез Јанша пред шест месеци, по парламентарните избори на 24 април, во услови на криза поттикната од руската војна против Украина.
nezavisen.mk