Локални избори во Црна Гора

Денеска во Црна Гора се одржуваат локални избори, а освен граѓаните на Подгорица, локалната власт ќе ја изберат и граѓаните на Бијело Поље, Бар, Будва, Даниловград, Жабљак, Зета, Колашин, Пљевља, Плав, Плужине, Рожај, Тиват и Шавник.

Право на глас имаат околу 345.000 гласачи, што е околу 64 отсто од вкупното избирачко тело во државата, учествуваат околу 100 изборни листи, а се избираат 481 советник.

Локалните избори се одржуваат во време кога Уставниот суд е блокиран, владата е со технички мандат, а во процедура е и иницијативата за разрешување на Мило Ѓукановиќ од функцијата претседател на Црна Гора.

 

sloboden pecat.mk