Почина Дитрих Матешиц, основачот на „Ред Бул“

Дитрих Матешиц, основач и косопственик на „Ред Бул“, почина на 79-годишна возраст по битка со тешка болест. Австриецот со словенечки корени го основа „Ред Бул“ во 1984 година и го претвори во еден од најголемите и најпрепознатливите брендови во светот.

„Во моменти како овој, тагата ги надминува сите други чувства. Но, тагата наскоро ќе биде заменета со благодарност за сè што Дитрих направи и им овозможи на другите луѓе. Наша задача и одговорност е да продолжиме да го градиме неговото животно дело и во неговиот дух”, објави „Ред Бул“ до своите вработени со веста за смртта на Матешиц.

nezavisen.mk