КАПЕЛЕТ ресторан во Тирана украсен со 1500 капи

0
392

Погледнете го видеото најдолу во текстот и разгледајте ги фотографиите на Инстаграм од ресторанот „Капелет“ или од Албански превод „Капи“ е ресторан на падините од планината Дајт во Тирана – Албанија кој го спојува традиционалното и модерното! Ако сте во Тирана и сакате да го посетите до него лесно ќе стигнете со помош на „Google Maps“!

Во ресторанот „Капелет“  на таванот се поставени 1500 капи, а од ресторанот се пруижа неверојатен поглед над Тирана.

Нашата екипа беше послужена без да користи мени и целата храна беше по избор на персоналот. Бевме послужени со: салата и малку ладни и топли антипасти, кои вклучуваа храна од сите територии на Албанија. Потоа можевме да избереме помеѓу три опции за месо.

Услугата беше одлична, брза и многу љубезна!

Треба да се напомене дека цените се нормални за областа Тирана. Исто така, од терасата на ресторанот можете да правите одлични фотографии за вашиот Инстаграм акаунт.

ВИДЕО

ФОТО

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Travel_One (@one_media_travel)