Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол” во Штип.
Извлекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи не сакал да излезе од својот дом.
Пожарникарите и полицијата сѐ уште се пред зградата, во која пожарот одамна е изгаснат, а претходно беа евакуирани сите станари.