Малезија: Убавината на ботаничката градина Пердана ви го одзема здивот

Ботаничката градина Пердана е една од најпопуларните туристички атракции во Куала Лумпур, Малезија, известува Агенција Анадолија (АА).

Станува збор за првиот голем забавен парк во градот, а интересен е како за домашните посетители, така и за странските туристи.

Ботаничката градина поседува езеро, а посетителите имаат можност да видат неколку илјади растителни видови. Особено е интересен за оние кои имаат интерес кон флората.

Посетителите во оваа оаза на мирот имаат можност да шетаат покрај езерото, но и да возат велосипед.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:  Идрис Сулун / АА