Литиумот станува поважен од нафтата

0
262

Со тоа што ЕУ се обврза да ги направи електричните возила широко достапни до 2035 година, побарувачката за литиум се очекува да експлодира.

На пазарот моментално доминираат неколку земји, но Европа сака да се приклучи на клубот со искористување на сопствените рудници.

Непосредно пред пристигнувањето на Саемот за автомобили во Париз во понеделник, францускиот претседател Емануел Макрон изјави за финансискиот портал Les Ecos дека неговата администрација сака да ги направи електричните возила „достапни за секого“, пренесува France24.

Со оглед на тоа што ЕУ сака да ја забрани продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, Франција се обидува постепено да ги укине автомобилите со фосилни горива. Иако овој потег се смета за клучен чекор на патот кон енергетската транзиција, тој исто така претставува сериозен проблем, пишува порталот Klix. Ќе бидат потребни огромни количини на метали потребни за производство на батерии, особено литиум.

Бројките зборуваат сами за себе. Од 2015 година, обемот на производство на литиум, кој е познат и како „бело злато“, се зголеми за трипати во светот, достигнувајќи 100.000 тони годишно до 2021 година, наведува Меѓународната агенција за енергетика.

Количината би можела да се зголеми седум пати до 2030 година. На европско ниво, во 2050 година ќе биде потребен околу 35 пати повеќе литиум отколку денес, наведува едно априлско истражување на KU Leuven, католички истражувачки универзитет во Белгија.

„Ние сме во фаза кога сите земји ја започнуваат својата енергетска транзиција повеќе или помалку во исто време и тоа создава многу значајни потреби за металот“, рече Оливие Видал, геолог и директор за истражување во францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS).

 

 

vecer.mk