143 граѓани од Македонија завршиле во затвор поради непостапување на здравствените прописи за Ковид-19

Управата за извршување на санкции за Телма објави дека од почетокот на пандемијата до средината на октомври, затворска казна за непостапување според здравствените прописи во време на пандемија издржувале 143 граѓани.

Во затворот во Шутка завршиле 52 граѓани. Во моментов има дури 78 осуденици за ова кривично дело. Должината на казните изнесуваат од 40 до 100 дена затвор.

Бранот на затворски казни за овие дела допрва се очекува. Во речиси 1.000 предмети, па сега по истекот на две години без платена казна, судиите за извршување на санкции казнените налози од 2.000 евра ги заменуваат со затворски.

Од почетокот на пандемијата до сега само Кривичниот суд издал 215 упатни акти за издржување на затворски казни. За прекршување на мерките и протоколите во пандемијата, судовите досудуваа парични казни, но ако две години не се плати казната, таа се заменува со затворска.

Граѓански иницијативи бараат промена на Законот за амнестија за ковид-19 прекршителите, а за тоа се чека политички консензус, според извори на Телма.

Законот за амнестија, според најавите, се планира да важи само за граѓани, не и за фирмите, за институции, за угостителски објекти и за други правни лица кои не ги почитуваа уредбите и мерките.

извор: Телма