Француски државјани украле гондола во Венеција и ја возеле како кану

0
225

Двајца француски државјани се обвинети дека во четврток околу 01:30 часот украле гондола од станицата Академија, покрај познатиот мост со истото име, за да се провозат по Каналот Гранде.

Сопственикот на гондолата Џорџо Богноло истакнал дека работите на гондолата – ќебиња, перници, украси и други предмети во вредност од неколку стотици евра – биле фрлени во каналот пред да биде одвезена гондолата како кану.

Тој рече дека веслачите биле уапсени кога тројца локални жители во брод што минувал ја забележале гондолата како се движи цик-цак напред-назад преку каналот и сфатиле дека нешто не е во ред, објави Канал 5.

Заедно со потенцијално соочување со кривична пријава за тешка кражба, шегобијците се соочуваат и со граѓанска тужба за отштета од сопственикот на гондолата.

Гондолите не се евтини чамци за масовно производство.

Богноло вели дека неговата рачно изрезбана гондола чинела 60.000 евра, а троши 3.000 евра секоја година за повторно бојадисување.

извор: Канал 5