Се урна трикатна зграда дел од приватен универзитет во Истанбул

0
295

Се урна трикатна зграда на територијата на приватен универзитет во квартот Кучукчекмеџе во Истанбул, јавија турската државна телевизија ТРТ-Хабер и Anadolu Agency.

До несреќата дошло по уривање на потпорен ѕид на станбена зграда во изградба, која се наоѓала веднаш до објектот. Причинета е сериозна материјална штета и на универзитетот, наведува ТРТ-Хабер.

Нема информации за повредени, бидејќи 3-катницата на теренот на Универзитетот Арел беше празна (претходно беше евакуирана).

Од безбедносни причини евакуирани се 71 студент од универзитетски дом, како и жители на 128 станови во шест станбени блокови во околината, информира Anadolu Agency.

За случајот е започната истрага.

извор: Anadolu Agency.