Архимандритот Царкњас со покана кон македонците на литургија во чест на Света Злата Мегленска во С’ботско, Грција

0
252

Архимандритот Никодим Царкњас ги поканува Македонците од сите делови на Македонија на 26 октомври да дојдат во С’ботско во црквата Света Злата Мегленска, единствената македонска црква во Егејска Македонија.

На 26 октомври архимандритот Царкњас ќе одржи литургија за Света Злата Мегленска и Свети Димитри, според новиот календар.

Света великомаченичка Злата Мегленска е македонска светителка и маченичка од времето на турското владеење.

Црквата во С’ботско е единствениот духовно-религиозен храм за Македонците од Егејска Македонија. Храмот е посветен на Света Злата Мегленска и е дел од Европската епархија на Македонската православна црква-Охридска архиепископија.

Објектот е граден од архимандритот Никодим Царкњас со помош на донации од македонската дијаспора и од Македонија. На почетокот барањата за изградба на црква на Македонците беа одбивани од грчките власти со образложение оти нема такви луѓе во Грција и дека нема потреба за црква. Подоцна се побара дозвола за изградба на место за собирање народ. Првата литургија во оваа црква се одржа во октомври 2000 година, и отогаш тука редовно е одржуваат неделни литургии на македонски и на грчки јазик.

mkd.mk