До крајот на денов врнежливо на повеќе места низ Македонија

0
48

До крајот на денешниот ден како што веќе најавивме, територијата на Македонија ќе биде под влијание на влажен воздушен бран од југ, и истиот ќе услови повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат пообилни. Локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог, додека провејување на снег ќе има само на највисоките планински места.

Особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од југоисточен правец.

Во Скопје  и околината исто така до крајот на денов ќе има повремени врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени, додека во Скопје максималната дневна температура денес ќе се искачи до околу 15 степени, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

 

meteoalarm.mk