Утре ќе се знае дали ковид Кракен е присутен во Македонија

0
230

Претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Александар Петличковски изјави дека кај нас се уште официјално не е регистрирана подваријантата на ковид Кракен, меѓутоа многу е веројатно дека е тука. Утре се очекуваат резултати од секвенционирање на десетина примероци.

-Во тек е во моментов нова рунда на секвенционирање на неколку десетина примероци. Очекуваме утре да имаме резултати од тоа секвенционирање. Не е исклучено помеѓу некои од примероците да се појави и Кракен варијантата. Добро е што сите податоци што досега ги имаме укажуваат дека повторно се работи за една варијанта која предизвикува благи симптоми и не очекуваме неговото ширење драстично да го оптерети здравствениот систем, изјави д-р Петличковски за Тема на денот на Сител телевизија.

 

vecer.mk