Мај, јуни и јули се очекува за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

0
48

Почитувани, редно е  да излеземе со подолгорочна анализа на времето за следните неколку месеци, со оглед на тоа што интересот е голем. Но да напоменеме дека оваа долгорочна анализа на времето е многу неофицијална, и дека промени во истата ќе се случуваат во следниот период.

Барем според сегашните изгледи на прогностичките материјали со кој ние располагаме, во периодот мај, јуни и јули температурите во Македонија ќе бидат за степен до два повисоки, што значи дека треба да очекуваме нешто потопло време. Но да не заборавиме дека се можни исклучоци, односно периоди со потпросечни температури и поладно време од вообичаеното.

Што се однесува пак до врнежите, тие би биле околу, или нешто натпросечно високи, односно повремено би можеле да имаме и повеќе врнежи. Но, поради тоа што нормално температурите како што ќе растат, така ќе се загрева  и Атмосферата и ќе се исполнува со енергија. Во ваква ситуација, ќе растат условите за создавање на грмотевични облаци и за временски непогоди во Македонија, пишува метеопрогнозерот Славчо Попоски.