УНИЦЕФ: Убивањето палестински деца мора да престане

0
32

Убивањето палестински деца „треба да престане“, порача Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), јавува Анадолу.

„Децата во државата Палестина предолго се наоѓаат во трагичен и пакосен круг на насилство. Ова е војна што несразмерно ги погодува децата“, рече Адел Ходр, регионална директорка на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка.

„Убивањето деца треба да престане. Ни треба прекин на огнот. Сега!“, додаде Ходр.

„Во последните 72 часа три палестински деца се убиени во најновата воена операција во Тулкарем на Западниот Брег, а уште најмалку 14 деца се убиени во Рафа“, рече таа.

Израел започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година, во кој, како што вели Тел Авив, загинале речиси 1.200 лица.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 34.097 Палестинци, главно жени и деца, а 76.980 се повредени.

Според податоците на Обединетите нации (ОН), израелската војна во Газа принуди 85 отсто од населението внатрешно да се раселат, предизвика акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за гарантирање дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

Меѓутоа, нападите продолжија со несмалено темпо, а испораката на помош и понатаму е недоволна за решавање на хуманитарната катастрофа.

извор: Анадолу.

фото: Анадолу.