Њујорк се подготвува за Ноќта на вештерките

0
248

Во американскиот град Њујорк во тек се подготовките за Ноќта на вештерките (Halloween), известува Агенција Анадолија (АА).

Ноќта на вештерките е ноќта на 31 октомври, пред Денот на сите светци, и спаѓа меѓу најпопуларните празници на целиот свет, првенствено поради костимите што се носат и колачите што се делат во текот на ноќта.

Големо внимание привлекува куќата „Вајтстоун“ во Њујорк, која е осветлена и уредена пред Ноќта на вештерките. Куќата ги чека посетителите во костими на духови, чудовишта и ликови од хорор-филмовите.

Иако обичајот за маскирање е најпопуларен во земјите како што се САД, Канада и Австралија, оваа традиција сѐ повеќе е присутна и во останатите делови од светот.

извор:Агенција Анадолија (АА).

фото:Агенција Анадолија (АА).