Саша Ковчевиќ платил 5 илјади евра за мускулите а само три пати го оперирал носот!

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ деновиве ужива на одмор, од каде објави неколку видеа и фотографии, на кои повторно во прв план се неговите извајани стомачни мускули. Колку и како се промени пејачот од почетокот на кариерата досега?

На фотките од одморот, Саша изгледа како извајана грчка скулптура, а речиси и да нема место на телото каде што нема мускули.

Тој на музичката сцена е повеќе од 15-тина години, а заради огромната промена во изгледот, дел од српските медиуми повикувајќи се на коментарите од публиката, пишуваат дека тој користи филтери и досега бил на безброј естетски корекции.

Според дел од коментарите се верува дека пејачот користел ботокс за да ги пополни образите и да ги подигне веѓите, а во Турција бил на операција за неговите стомачни мускули да дојдат до израз, за што потрошил околу 5.000 евра.

Наводно оваа операција помага да се засили ефектот од напорното вежбање и тренирање, а дополнително се смета дека пејачот добриот изглед го должи на редовното консумирање стероиди.

Тој во една пригода призна дека трипати бил на операција во Турција, а како што рече, неговото лице на почетокот изгледало поинаку заради здравствените проблеми со кои се соочувал.

„По третпат ги оперирав синусите, затоа што повеќе од 20 години имам проблем со алергиите и на секои 6-7 години го решавам проблемот со носните школки, да не ве замарам сега…

Тоа беше причината заради која бев во Турција, го искористив периодот кога немам работа и можам себеси да се дозволам да бидам отечен“ – рече тој.

crnobelo.mk