Бизарни видеа од Босна и Херцеговина – кој сака да привлече внимание завиткан во бел чаршаф шетајќи се навечер?

0
390

Бизарни видеа се шерат по социјалните мрежи од Босна и Херцеговина.  Имено, на видеата се гледаат луѓе завиткани во бели чаршафи како се шетаат навечер. А нивниот изглед наликува на духови.

Во една од постовите, лице обвиено во бел чаршаф оди по улица, меѓу куќи, кога во еден момент се врти и почнува да бега. Во друго видео, двајца такви луѓе се снимени како шетаат низ поле.

Точната локација на која е направена снимката не е позната, како и вистинскиот мотив зад бизарната сцена. Сепак, познато е дека Ноќта на вештерките се слави на крајот на овој месец, па не е невозможно некој да решил порано да се „шегува“ на тоа и вака да привлече внимание.

Медиумите наведуваат дека била контактирана и Управата на полицијата, која информирала дека за видеото не е снимена официјална информација и дека нема причина да се вознемирува.

извор: 4news.mk

Видео: TWITTER