(ФОТО) Рита Ора не престанува да се фали со својата совршена фигура на тело

Рита Ора била забележана како се забавува со своето друштво, но овојпат покрај неа не бил нејзиниот сопруг Таика Ваитити.

Рита Ора (31) не престанува да се фали со својата совршена фигура на тело. Што и да облече, таа стратешки го бира за да го покаже своето тело кое го довела во перфектна форма.

Пред да се венча, Рита имала вишок килограми, но кога станала госпоѓа Ваитити, таа секојдневно вежба и внимава на своето тело.

Иако нејзината работа бара чести патувања, доцното легнување на спиење и вечери поминати во концертните подиуми, сепак Рита наоѓа време и за физичка активност што се гледа по нејзиното извајано тело.

Рита деновиве можеме да ја видиме со друштво на плажа, но исто така и во вечерно дружење со своите пријатели.

Меѓутоа, само нејзиниот сопруг не го гледаме покрај неа, па така откако се венчале Рита и Таика живеат и работат одвоено.

Тие сметаат дека на тој начин нивниот брак ќе опстои на подолги патеки затоа што не сакаат да си здодеат еден со друг.

Во меѓувреме, Рита наместо брачна должност, деновите ги поминува во вежбање и работа на себе. Омилен тренинг ѝ е кревање тегови во теретана како и кардио тренинг, а за тоа таа издвојува по два часа дневно.

 

kurir.mk