(ВИДЕО) Божиќен говор на еден од најнапредните роботи во светот

0
145

Еден од најнапредните роботи со вештачка интелигенција во светот кој претходно се занимаваше со теми како што се војната во Украина, смртта на кралицата Елизабета Втора и климатските промени синоќа им честиташе Божиќ на оние кои го славеа, а пораката се емитуваше на британскиот Канал 4.

Во телевизиско обраќање по годишниот божиќен говор на кралот Чарлс Трети, робот со вештачка интелигенција по име Амека – развиен од британската компанија „Енжинирд Артс“, со седиште во Корнвол – зборуваше за врвовите и падовите на 2022 година. Станува збор за робот кој е способен за ултра реални реакции и може да се насмевне или да се намурти, да трепне, па дури и да намигнува.

 

vecer.mk