На Флорида замрзнати игуани паѓале од дрва, во Монтана измерени -45 степени

Властите соопштиле дека 34 лица настрадале ширум САД, а најтешко погоден е градот Бафало во државата Њујорк, каде животот го загубиле 12 лица, објави денеска „BBC“. Четири лица загинале во Канада кога автобус се превртел на замрзнат пат во близина на градот Мерит, во западната провинција Британска Колумбија.

Зимска бура без преседан ја погоди Северна Америка на просторот од Канада на север до Рио Гранде на југ.

Метеоролозите најавуваат дека бурата ќе попушти во наредните неколку дена, но советот останува да се избегнуваат патувања, освен ако не се неопходни.

Околу 200.000 домаќинства биле без струја во неделата попладне, што е значајно помал број во однос на 1,7 милиони колку што биле без струја во саботата, објави „AP“.

Илјадници летови се откажани, спречувајќи многу луѓе да дојдат до своите семејства за Божиќ.

Најмногу настрадани поради снежната бура има во Бафало – 12, а загинати има и во Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо.

Температурите во Јужна Флорида паднале толку ниско што игуани замрзнувале и паѓале од дрвја.

Западната американска држава Монтана е најтешко погодена од студот со температура која паднала на-45 степени Целзиусови.

 

 

tocka.com.mk