Сојузот на Македонците со исламска религија упатува јавен повик до Македонците во областа Гора и цело Косово на пописот на населението да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик, вероисповед муслимани

0
108

Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) упатува јавен повик до Македонците во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, на пописот на населението од 5 април до 17 мај 2024 година да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик, вероисповед муслимани.

СМИР ги повикува сите Македонци од Гора, Пеизренска Жупа и Косово, кои живеат и престојуваат во Македонија, да се потпишат на Косово како Македонци со мајчин јазик Македонскиот и вероисповед муслимани, за тоа да ги известат и своите роднини во Гора, Призренска Жупа и Косово.

СМИР потсетува дека, Македонија во 2001 година издаде околу 15.000 македонски државјанства во областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, врз основа на своерачно потпишани изјави на месните жители дека се етнички Македонци чиј мајчин јазик е Македонскиот јазик! Жителите на областа Гора и Призренска Жупа, не се ништо друго, освен етнички Македонци, независно дури и од албанизацијата во некои села на Призренска Жупа!

СМИР, исто така, потсетува дека, Македонија во 2001 година им издаде македонско државјанство на сите Македонци од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово, кои после дисолуцијата на поранешна СФР Југославија се затекнаа на територијата на Република Македонија, односно имаа живеалиште и престојувалиште во Македонија, за што СМИР изрази посебна благодарност до Владата на Република Македонија. Македонците од областа Гора, Призренска Жупа и цело Косово се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од Македонскиот народ и неприфатливи се сите обиди за нивна денационализација и асимилација во Бугари, Срби, Албанци, Бошњаци или Турци!

СМИР ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и Призренска Жупа, на Косово, во намерите на престојниот попис да се попишат како етнички Бугари, иако етнички Бугари на Косово никогаш во историјата немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Албанија и Македонија!

 

vesnikilinden.com