Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски кој воедно е апсолутен победник на изборите денеска се сретна со Јане Ченто, Митко Пешов и другарите. Јавноста одамна чека слобода за нив, затоа што се поочигледно е дека неправедно беа осудени.
„Правдата доаѓа“, напиша Јане Ченто по средбата со Мицкоски.
Инаку и Бојан Јовановски неодамна во госување кај Лазаров истакна преписки со Вилма Русковска која екслузивмо му кажала на колку години ќе бидат обвинети за тероризам.
-Лом, ќе биде лом, само една ослободителна, сите други казни ќе бидат високи и највисоки, му најавила Вилма Русковска на Бојан Јовановски од некогашната 1ТВ, еден ден пред судијката Добрила Кацарска да ги обелодени драконските казни за собраниските инциденти од 27-ми април.
Во подкаст кај Стефан Лазаров, Боки 13 читаше телефонски пораки меѓу него и Русковска во која таа му ги најавува висините на казните, му бара новинари за одредени теми, сугерира што да биде прашано, се интересира за вработување на нејзин роднина во СЈО….