Во прилепско Чумово се гради манастир посветен на Свети Василиј Острошки

Во прилепското село Чумово, се гради првиот манастир во Македонија посветен на големиот чудотворец Свети Василије Острошки.

12 мај е ден од големо значење за сите православни верници, a во чест на овој ден и празник посветен на Свети Василије Острошки, чуварите и градителите на оваа света градба упатуваат срдечна покана до сите верници да се придружат на светата литургија во 11:00 часот, молејќи му се и барајќи благослов на Свети Василије Острошки.

По литургијата и молитвите, може да се приклучите и на заедничкиот ручек кој ќе биде проследен со дружба и радосна веселба.

Вашето присуство нека биде светилник на надеж и залог за поддршка за реализација на оваа благородна визија која ќе нѐ мотивира заедно да продолжиме напред, обединети во целта да подигнеме светилиште каде што ќе продолжат да случуваат безграничните чуда на Свети Василије Острошки и каде душите ќе наоѓаат утеха и мир.

На секој чекор нека ечи нашата вера, зашто во срцето на Македонија се издига уште еден свет храм!

Локација каде што ќе се служи светата литургија на 12 мај 2024 во 11:00 часот:

 

gladiator.mk