Девет лица се уапсени во полициската операција на ГП Табановце, меѓу нив командирот, заменик командирот на смена и 6 полициски службеници

Девет лица се уапсени во полициската операција на граничниот премин Табановце, меѓу нив командирот, заменик командирот на смена и 6 полициски службеници.

Ова е исходот од синоќешната голема акција на МВР во соработка со обвинителството за организиран криминал и корупција која се спроведуваше на овој граничен премин, објави Телма.

Припадниците на МВР претрес вршеле и на работните места но и во нивните домови под сомнеж дека вршеле злоупотреба на службената должност како и дека примале поткуп.

За време на вчерашните претреси била пронајдена и картонска кутија во која имало поголема сума во различни банкноти од апоени во денари, евра, швајцарски франци, американски долари и турски лири.

Акцијата предизвика повеќечасовен застој на преминот и незадоволство на граѓаните кои со часови чекаа да влезат во Македонија.

извор: Телма.