Минималната плата за месец март која ќе биде исплатена во април ќе изнесува 22.567 денари

Минималната плата за месец март која ќе биде исплатена во април ќе изнесува 22.567 денари во нето износ и ќе забележи пораст од 3.613 денари во бруто износ, односно 2.392 денари во нето износ во однос на минималната плата за 2023 година, утврдено е денеска, 22 март, на седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) која се одржа во Влада.

На денешната втората седница на ЕСС се разгледуваа повеќе точки меѓу кои и утврдувањето на висината на минималната плата

„По однос на минималната плата, согласно член 4 од Законот за минимална плата, висина на минимална плата во бруто износ за месец март секоја година се усогласува со: 50 отсто од порастот на просечно исплатената нето плата, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика“, соопштија од Министерството за труд и социјална политика (МТСП)

Одлуката за новото зголемување на минималната плата се уште не е влезена во Службен весник, а синдикалците очекуваат тоа да биде направено уште во понеделник.