(ФОТО) Сани кажа „Да“ по трет пат, трета среќа

Познатата македонска фолк-пејачка Сани Гроздановска по трет пат го кажа судбоносното „Да“.

Пејачката по вториот неуспешен брак, беше подолг период сама но како што велеше таа поради големиот број додворувачи морала да има и лично обезбедување.

Утрово на социјалните мрежи Сани сподели убави вести.

Имено, нејзиниот партнер Никола ја побарал за сопруга.

Никола Урдаревиќ, со кој Сани е во емотивна врска нешто повеќе од еден месец, се бави со хотелиерство.

Во јавноста се зборува дека Сани, по свадбата ќе замине со Никола во Швајцарија.

 

idol.mk