На ден 22.10.2022 во Прилеп, на ул. 11 октомври, околу 19 часот, возило натоварено со бесправно посечено огревно дрво, во обид да избега од полицијата, влетало во куќа.
На местото на настанот веднаш интервенирале две екипи на Територијалната противпожарна едница од Прилеп и екипа од брзата помош.
За повредите на лицата затекнати во возилото кое се забило во куќата на ул. 11 октомври се чека на официјалниот извештај од институциите, а против сторителите согласно закон ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ЈП Национални шуми