Останува зимското сметање на времето, во сабота спрема недела сепак ќе се поместат стрелките

0
216

Македонската Влада по направените анализи колку ќе се заштеди струја, сепак одлучи дека ќе има зимско сметање на времето. Ваквата одлука значи дека ноќта меѓу 29 и 30 октомври стрелките на часовниците треба да се поместат еден час наназад, а летното сметање на времето треба да се врати на 27 март идната година.

Анализите коишто ги направиле надлежните институции изминатиот период, превагнале во корист на менување на летното во зимско сметање на времето, иако првичните најави беа дека годинава ќе има промена со цел да се заштеди струја во екот на енергетската криза.

„Нема да има промени во сметањето на времето“, поврдуваат од Влада, каде ова прашање било разгледувано на денешната седница.

извор: DW