(ФОТО) Лепа Брена со својот бренд хулахопки го освојува американскиот пазар

0
231

Откако Лепа Брена и Саша Поповиќ во 2019 година ја продадоа „Гранд-продукција“ за 30 милиони евра, пејачката одлучи да почне свој бизнис. Поранешната ѕвезда на Југославија одлучи да вложи пари во новата работа, а се „шушка“ за сума од 300.000 евра. Иако долго го најавуваше овој проект и не сакаше да каже за што точно се работи, медиумите сепак дојдоа до детали дека е во прашање бизнис со женски чорапи.

Нејзините чорапи веќе го освојуваат светот, а притоа се започнати преговори за дистрибуција и во преку океанските земји.

Извор близок до пејачката открил детали за српките медиуми дека Лепа Брена добила понуда од американска компанија, која исто така произведува и продава чорапи, да го дистрибуира својот бренд во САД.

Се разбира, тие нудат огромни пари за тоа. Наводно, за првиот договор кој би важел една сезона (есен и зима) се подготвени да платат половина милион долари.

„Брена работи со полна пареа. Нејзе и се допаѓа бизнисот со чорапи, а понуди пристигнуваат од сите страни. Таа привлече одлични партнери. Сега и се отвора патот до американскиот пазар, каде што, инаку, со години има куќа. Пејачката никогаш не била толку продуктивна како сега, а овој деловен проект само дополнително ја мотивираше. Вклучено е целото семејство, а во преговорите со други фирми ќе и помага сопругот Боба Живојиновиќ“ – вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)