Покачување на платата од 2000 ден ќе добијат припадниците наАРМ

0
184

Припадниците на Армијата од ноември ќе добијат зголемување на платата во висина од 2.000 денари, потврдено е на средбата вчера во Министерството за одбрана на министерката Славјанка Петровска со првите луѓе на четирите синдикати во Министерството и Армијата.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, тоа значи дека со октомвриската плата која што ќе се исплати во ноември припадниците на Армијата ќе добијат покачување на основната плата од 2.000 денари.

-Армијата е гарант за безбедноста на секој граѓанин и затоа и за мене како министерка и за Министерството, унапредувањето на положбата на секој армиски припадник останува приоритет, рече министерката Петровска.

 

nezavisen.mk