Тешка сообраќајна несреќа во гевгелиско -две лица пренесени во болница

0
210

Едно лице од Гевгелија и едно од Богданци се тешко повредени при судар на две возила, што тие двајца ги управувале.

На 25.10.2022 во 13.10 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на локалниот пат село Стојаково – село Богородица, Гевгелиско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.П.(40) од Гевгелија и патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(69) од село Селемли, општина Богданци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, констатирани во Медицински центар Гевгелија – информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.

извор: МВР