Во 16.24ч. од Итна медицинска помош-Битола во СВР Битола било пријавено дека кај изворите на кисела вода на место викано.„Сребрена вода“ во близина на с.Крстоар-Битола, имало две починати машки лица, објави Телма.
За настанот е известен јавен обвинител. Од страна на екипа од ИМП била констатирана смрт.
Утврден е идентитетот на починатите: А. Н. (68) и К. Н. (63) од Битола. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се предадени за обдукција.
РЦУК Битола -ја пренесува информацијата од пожарна Битола дека од 16,27 до 17,54 ч. со едно возило и со пет пожарникари,имале техничка интервенција кај извор на кисела вода.
Интевенирале за извлекување на две човечки жртви,задушени од гасот од изворот на киселата вода, извести ЦУК.