Утре без електрична енергија неколку скопски општини

0
276

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, на ден 28.10.2022 година (петок), без електрична енергија ќе останат:

08:30 до 10:00 часот, корисниците од дел од ул. Гиго Михајловски. (Општина Карпош)

09:00 до 14:00 часот, корисниците од улиците бр. 21, 24 и 29 во с. Сопиште. (Општина Сопиште); 09:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Долно Блаце и основното училиште во с. Долно Блаце. (Општина Чучер Сандево); 10:40 до 14:50 часот, корисниците од дел од ул. Петре Пирузе. (Општина Карпош)

 

ЦУК