(ФОТО) Ауди изетало од патот кај с.Сопот, повреден малолетник

0
226

Ноќва во 00:30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на патот село Сопот – село Марена, на влез во селото Марена, патничко моторно возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.З.(24) од село Сопот, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

 

republika.mk