Илон Маск ја презеде контролата врз Твитер

Илон Маск на Твитер напиша „Птицата е ослободена“, откако ја презеде контролата над Твитер во договор што го става на чело на една од водечките глобални социјални платформи. Маск ја презеде контролата врз Твитер и ги отпушти извршниот директор Параг Агравал, финансискиот директор Нед Сегал и главниот правен советник Вијаја Гаде, изјавија синоќа две лица запознаени со договорот. Тие, како што јавува АП, не кажале дали целата документација за договорот, првично проценет на 44 милијарди долари, е потпишан или дали договорот е затворен.

До ова дојде само неколку часа пред крајниот рок поставен од судијата во Делавер за финализирање на договорот во петок. Таа се закани дека ќе закаже судење доколку не се постигне договор. Иако дојдоа брзо, главните потези за промени во персоналот беа широко очекувани и речиси сигурно се првите од многуте големи промени што ќе ги направи извршниот директор на Тесла.

 

Радио Слободна Европа