Австрија: Лавина усмрти пет лица во алпски ски-центар во Тирол

Најмалку пет лица загинаа како последица на лавини во неколку скијалишта во австриската покраина Тирол, јавува Анадолу.

Тиролската полиција соопшти дека смртоносната несреќа се случила во зимскиот центар во алпското село Св. Антон ам Арлберг.

Во соопштението се наведува дека животот под лавината го загубиле тројца спортисти на возраст од 29, 33 и 34 години, како и 59-годишен возач и 62-годишен турист.

Обилните снежни врнежи и последователните лавини негативно влијаат на животот во покраините Тирол и Форарлберг на западот на Австрија.

Предупредувањето за опасност вчера беше подигнато на највисоко ниво поради лавини на 30 точки во западниот дел на Австрија.

Во претходните два дена во западните региони од лавини животот го загубија уште три лица.

извор: Анадолу.

фото:Анадолу.