More

    Приведени 15 лица поради уривањето на згради во Дијарбакир по земјотресот што ја потресе Турција

    Во Туркије се приведени 15 од 39 осомничени под обвинение за недоследности во изградбата на зграда што се урна во турската област Дијарбакир, по разорните земјотреси што ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

    Обвинителството во Дијарбакир започна истрага за утврдување на нерегуларностите во изградбата на зграда што се урна во земјотресот на 6 февруари.

    Полицијата синоќа приведе 15 осомничени, вклучувајќи ги и изведувачите на работите, под обвинение за кривично дело „убиство со предумисла“.

    Во тек се активности за приведување на уште шестмина осомничени кои се во бегство.

    Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

    Во серијата земјотреси кои ја потресоа Туркије животот го загубија 35.418, додека во соседна Сирија загинаа 3.688 лица.

    извор:Анадолу.

    фото:Анадолу.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    clear sky
    11.8 ° C
    11.8 °
    11.8 °
    47 %
    1kmh
    0 %
    Thu
    12 °
    Fri
    19 °
    Sat
    22 °
    Sun
    16 °
    Mon
    11 °
    spot_imgspot_img