(ВИДЕО) Заборавил да ја затвори влезната врата на -40, зградата се претворила во ладилник

Сцената што следува буквално наликува на внатрешноста на замрзнувач, а тоа се случило за една недела кога се забележани најниските температури досега, -40 степени Целзиусови, пренесува CGTV.

Влезот во зградата наликува на ледена пештера, бидејќи студените и силните ветрови го внесле целиот снег внатре.

Колку и да бил опасен овој студ, жителите, судејќи според видеото објавено на Јутјуб, се восхитуваа на оваа необична глетка на -40 степени Целзиусови, со оглед на тоа што внатрешноста на зградата била исполнета со огромни мразулци, кои потоа биле отстранети заради безбедноста на жители.

Имено, поголем дел од азискиот континент го зафати студен бран, а екстремно ниски температури преовладуваа во Кина, Јапонија, како и во Северна и Јужна Кореја.

Колку навистина било студено говори податокот дека само два дена по оваа ситуација во истата провинција во град на север се измерени дури -53 степени Целзиусови.

Метеоролозите упатија предупредување до граѓаните да се обидат да се загреат, со оглед на тоа што оваа екстремно ниска температура ги зафати и деловите каде што луѓето не се навикнати на вакви зимски услови.

Градот Мохе, инаку познат како северниот пол на Кина, три дена по ред бележи температури под -50 степени Целзиусови, а тоа никогаш досега не се случило.

 

vecer.mk