Џамбаски ги повика на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“

Европратеникот од Бугарија Ангел Џамбаски повика на протест во Благоевград, по повод отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“.

 

Џамбаски ги повика сите да излезат на протест со цел да се урне „македонизмот мотивиран од србоманите од Скопје“.

„Бугарскиот национален интерес мора да биде заштитен затоа секој вистински Бугарин треба в недела да дојде во Благоевград пред споменикот на Георги Николов Делчев. Заедно да ја заштитиме иднината, сегашноста и минатото“, вели Џамбаски.

Претставници од повеќе македонски партии денеска ќе присуствуваат на отворање на македонскиот клутурен клуб во Благоевград.  Македонскиот премиер Димитар Ковачевски сепак нема да оди во Бугарија.  Maкедонски интелектуалци, историчари, професори објавија поздравно писмо пред денешното отворање на македонскиот клуб.

 

Инаку, Џамбаски со месеци ја провоцира Македонија, а дури и го навредуваше премиерот Ковачевски, за што македонското Министерство за надворешни работи(МНР) реагираше.

 

 

faktor.mk