Вербален инцидент во Благоевград: Провокатор од Мицкоски побарал да зборува бугарски, по што насобраните извикувале „Македонија, Македонија“

0
206

Вербален инцидент се случи денеска во Благоевград на отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и граѓанин кој носел звучник од кој одекнуваа патриотски песни, објави slobodnaevropa.mk.

Нарекувајќи го Мицкоски предавник, граѓанинот побарал од него да зборува бугарски по што насобраните граѓани почнале да извикуваат „Македонија, Македонија“.

Инцидентот се случил кога гостите и домаќините се упатија кон споменикот на таткото на Гоце Делчев. Денешното отворање на клубот се одржува со засилено полициско обезбедување.

извор: slobodnaevropa.mk.