(ФОТО) НАСА објави хит фотографија од Сонцето – се смее

Фотографијата од „насмеаното“ Сонце стана вирална на Интернет, откако беше објавена на Твитер од опсерваторијата Solar Dynamics на НАСА, чии научници ја направија фотографијата.

– Кажи мала птица, напишале во описот на фотографијата на која изгледа како Сонцето да има очи и уста и се смешка.

– Црните дамки што ја создадоа илузијата се всушност познати како коронални дупки и се региони каде брзиот сончев ветар блика во вселената, објаснија тие.

Научниците предупредија дека појавата на овие дупки најверојатно ќе значи дека невреме ќе ја погоди Земјата во сабота.

фото: TWITTER