Еврозоната се соочува со рекордна инфлација од 10,7 отсто

0
242

Годишната потрошувачка инфлација во еврозоната достигна двоцифрена вредност во октомври, пред сѐ поради повисоките цени на енергијата, покажуваат податоците објавени од Евростат, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Потрошувачките цени во еврозоната во октомври се зголемија за 10,7 отсто на годишна основа, што е највисок забележан раст“, ​​се наведува во извештајот на Евростат.

Така, стапката на инфлација се зголеми од 9,9 отсто во септември на 10,7 отсто во октомври 2022 година.

Пазарната прогноза беше годишен раст на потрошувачките цени од 10,2 отсто во зоната на единствената европска валута.

Цените на енергетските производи во октомври се зголемија за 41,9 отсто на годишна основа, наспроти 40,7 отсто во септември, додека храната, алкохолот и тутунот во истиот период се зголемија за 13,1 отсто.

На месечно ниво, индексот на потрошувачките цени на еврозоната во октомври се зголеми за 1,5 отсто.

извор:Агенција Анадолија (АА).